Моника Зајкова, Зоран Шапуриќ, Игор Вељаноски и Јулиана Николова се новите потпретседатели изгласани на четвртата седница на централниот одбор на Либерално демократската партија, која се одржа денеска во Скопје.
Партијата ја утврди агендата за дејствување во наредниот период и го промовираше слоганот под кој ќе настапува, „Размислуваме различно, либерално кон Европа“.
Слобода, еднавкост, правда. Ова се принципите на кои е изградена Европа, ова се принципите за кои се залага Либерално демократската партија. Само преку почитување на основните европски вредности може да чекориме и кон Европа. Во нашата држава речиси три децении се размислува само лево или десно, кон едната или кон другата опција. Време е за различно размислување, либерално кон Европа. ЛДП не разочарува, ЛДП испорачува, изјави Горан Милевски, претседател на партијата.
Потпретседателите, кои беа едногласно избрани, пред членовите ги презентираа нивните планови и целокупни залагања за партијата и државата.
-Со размислуваме различно, сакаме со граѓаните да сме искрени, да ги потенцираме либералните вредности и исто така активно да ги чуеме нивните мислења преку директните средби и трибините кои ќе ги организираме во 30 градови низ републиката со цел заеднички да го трасираме патот на државата кон Европа, истакна новата потпреседателка на ЛДП, Моника Зајкова.
-Секое семејство треба да размислува поинаку, да создава и негува европски вредности. Институциите и компаниите да ја продлабочат соработката од која корист ќе имаат сите граѓани, додаде Зоран Шапуриќ, старо-нов потпретседател на партијата.
-На земјата и се потребни млади кои ќе бидат активни и бизнис ориентирани, млади кои ќе размислуваат поинаку, своето знаење и претприемачки дух ќе го претопат во бизнис. Со такви млади ќе се отворат европските пазари и ќе покажеме дека ние сме подготвени да бидеме дел од Европа. За сето ова потребна и поддршка од државата, вели Игор Вељаноски, потпреседател на ЛДП.
-Нам ни е потребна сигурна, правична и европска држава во која граѓаните ќе веруваат дека сите заедно функционираме и креаираме транспарентни политики , во духот на либералната демократија, се изјасни потпреседателката Јулиана Николова.
На седницата беа присутни петстотини делегати во партијата кои гласаа и дискутираа за понатамошните активности на ЛДП.
Comments are closed for this post.