Доколку не поминат уставните измени и не станеме членка на ЕУ, треба да се размислува за нов Устав, изјави вчера лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

– Ако не се случат уставните измени, ви гарантирам дека ќе дојде до една колективна депресија во општество. Со тоа ќе ја изгубиме и таа капка надеж да се започне со реформите и можноста со членството во ЕУ, да се подобрат состојбите во правосудството, борбата против корупцијата и криминалот. Тогаш треба да размислуваме за нов Устав, како што рече претседателот Пендаровски – потенцира Таравари.

Како наближуваат изборите, коалицискиот партнер во власта се повеќе ја засилува националистичката реторика. Човекот што беше пример за соживот и мултиетничност и за кој Македонците гледаа со симпатии стана по радикален дури и од ДУИ.
На Таравари не му се допаѓал сегашниот состав на Парламентот каде Албанците се застапени со триесетина пратеници, имаат Бадитер и механизмот Балансер.
Сега лидерот на Алијаса бара дводомен Парламент. Дури и објасни како го замислува.

 Сметам дека еден дом треба да е составен од претставници на локалната власт, како на пример од градоначалниците на триесетина поразвиени општини, а во другиот би биле претставници на избрани од народот, пратеници.