Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека ноќеска околу 02,00 часот полициски службеници од ПС Прилеп и СВР Битола го привеле 24-годишниот Е.Т. од Битола, полициски службеник, поради основано сомнение за убиство на 36-годишниот А.Б..
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски информира дека вчера, околу 16,30 часот било пријавено дека во село Беловодица, Прилепско на патот гори непознато лице. Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело. Утврден е идентитетот на убиениот , А. Б. (36) од Битола, кај кого биле забележани прострелни рани во телото.
Ангеловски истакна дека веднаш се преземени соодветни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и околу 02,00 часот приведен е Е.Т., кој во целост го признал делото и го објаснил начинот на кој го извршил.
Во текот на денот, Е.Т. ќе биде предаден на Јавното обвинителство- соопшти Ангеловски.
Comments are closed for this post.