На 06.04.2019 г.околу 22,30 часот,во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција, соопшти денеска МВР.

Македонската актерка Билјана Беличанец имаше две малолетни деца.

Таа беше актерка и градоначалничка на општина Кисела Вода во еден мандат.

Работеше и беше дел од актерската екипа на Драмски театар.

Првото вработување како глумица и беше во театарот ,,Војдан Чернодриски“ во Прилеп.

Дипломираше на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како најмлада во својата класа.

Оствари бројни театарски и телевизиски улоги.