Од министерството за внатрешни работи информираат дека кандидатот за претседател на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, не пријавил оти бил следен од тајни служби блиски до опозицијата. Од МВР го повикаа Пендаровски да поднесе пријава до полицијата за сите такви сознанија.
Господинот Пендаровски до МВР нема доставено пријава за наводите што ги спомнува. Очекуваме за сознанијата што вели дека ги има да достави соодветна пријава до полицијата – велат од МВР.
Во неколку телевизиски интервјуа, Пендаровски изјави дека го следат структури блиски до поранешната власт, а сегашна опозициска партија.
На таквите изјави на Пендаровски од ВМРО-ДПМНЕ реагираа и побраа од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да објави која тајна служба го следи Пендаровски и до која партија е блиска.
Comments are closed for this post.