Отако политичките лидери постигнаа договор за предвремени избори, веднаш се актуелизираше прашањето за техничката или т.н Пржинска влада која беше воспоставена на минатите избори, како резултат на политичката криза.

За таа да фунцкионира се направија измени на законот за Влада со што се предвидува сто дена пред одржувањето на изборите , а по претходна оставка на премиерот, Собранието да избере нова, преодна Влада за спроведување на парламентарни избори, предводена од нов премиер, кој го номинира партијата со најголем број пратеници во Парламентот. Ќе бидат избрани и нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и тројца заменици министри.

Со измените и дополнувањата на Законот за Влада се предвидува сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на премиерот, Собранието да избере нова, преодна Влада за спроведување на парламентарни избори, предводена од нов премиер, кој го номинира партијата со најголем број пратеници во Парламентот. Ќе бидат избрани и нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и тројца заменици министри.

Заради организирање на избори за пратеници Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори по што мандатот им престанува по сила на закон.

Министерот за внатрешни работи го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието, а министерот за труд и социјална политика го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници.

Измените и дополнувањата ја регулираат и работата на министерот за внатрешни работи. Тој може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во министерството, во согласност закон. Министерот за внатрешни работи може да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 отсто од бројот на хоризонтални распоредувања.

Заради организација на избори за пратеници, Собранието на предлог на претседателот на Владата именува дополнителен заменик на министерот во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика, предложени од политичката партија на власт со најголем број на пратеници, а во Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество и администрација, предложени од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието.

Мандатот на дополнителните заменици министри трае од денот на нивниот избор до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори за пратеници во Собранието, по што мандатот им престанува по сила на закон. Тие заедно со министрите заедно и рамноправно со министерот учествуваат во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа.