На протестот кој во моментов се одвива пред Влада се присутни музичари, угостители, диџеи…
На 11 октомври ќе организираме уште помасовен протест со многу посилна бучава од онаа на вашите експерти, се заканија музичарите, угостителите и сите присутни на протестот пред Влада…
Организаторот на денешниот масовен протест Даниел Сидовски, член на составот Респекти, рече дека доколку не им биде излезено во пресрет и во рок од два дена не остварат средба со премиерот и заеднички не донесат нова, помалку штетна одлука ќе излезат уште помасовно.
Comments are closed for this post.