Новиот директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу во изјава за Аласат-М вели дека не може да ги коментира забелешките од ДУИ за неговото назначување од страна на претседателот Стево Пендаровски.
Муслиу објасни дека потребно е да се почека одлуката да излезе во Службен весник и неговата директорска функција да се официјализира.
Не можам да дадам изјава сѐ додека не видам дека одлуката за мое именување, директор на Агенцијата за разузнавање е излезена во Службен весник. Нема проблем, од понеделник ви стојам на располагање“, изјави Муслиу.
Вели дека на е запознаен со денешната изјава на вицепремиерот Бујар Османи дека ДУИ не се согласува со одлуката да биде поставен на оваа функција.
Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од претседателот, јас сум именуван од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски“, рече Муслиу.
Прашан за коментир на изјавите на ДУИ, Муслиу одговори дека „не зна кој е ставот на политичката партија ДУИ, но колку што знае тие се заедно во влада со СДСМ, односно го поддржаа претседателот Стево Пендаровски“.
Comments are closed for this post.