ВМРО-ДПМНЕ комуницира со сите политички партии, кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21, по прашање во врска со коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците.

„Комуницираме со сите политички партии, таа комуникација ќе продолжи. Има многу разговори со многу политички партии, мислам дека не е во интерес на целокупната комуникација во ваков еден момент да се даваат детали во таа насока“, истакна Муцунски

Тој смета дека има многу квалитетни луѓе и во двата политички субјекти.

„Тоа се чесни граѓани на Македонија, што сакаат и нивните општини да и државата да бидат што е можно поуспешни бидејќи тоа е во интерес на граѓаните. Верувам дека сите сме свесни дека, како опозициски субјекти, ова владеење од страна на СДСМ-ДУИ-Беса не носи поквалитетен живот, и не носи соодветен развој… Во интерес на сите општини во Македонија е да добијат градоначалници коишто чесно, искрено, со проекти и планови ќе работат за граѓаните кои што ќе ги претставуваат“, порача Муцунски.