Муцунски: Онлајн гласањето не е можно затоа што Уставот го ограничува, опозицијата ќе го користи механизмот за „неправење кворум“

24.11.2020 / 14:21


Доцент Тимчо Муцунски кој е и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во македонското собрание, утринава на гостување во „Утрински брифинг“, истакна дека онлајн гласањето не е можно затоа што Уставот истото го ограничува, опозицијата ќе го користи механизмот за „неправење кворум“.

Порача дека нема да дозволат Владата да реализира проекти што не ја засегаат кризата за реализирање свои други амбиции.

Во врска со моменталното гласање во собранието и притисокот од страна на власта за онлајн гласање, Муцунски рече дека прашањето не е толку наивно како што се гледа, но примарното толкување доаѓа од Уставот кој вели дека собранието мора да заседава во рамки на собраниската зграда. Муцунски вели дека политичкиот апспект е тоа што имаме Влада која е формирана со тесно мнозинство и обврска во едно функционирање е парламентарното мнозинство да си обезбеди мнозинство, а опозицијата да наоѓа модалитети преку кои ќе го изрази своето незадоволство, или пак да изрази проактивност.

По мене мора да имаме една начелна согласност, односно сите мерки кои се поврзани со здравствената состојба и со економската состојба, бидејќи здравствената состојба создава негативни импликации и ова не треба да биде поле каде ќе се водат политички битки, меѓу кои создавањето и несоздавањето на кворумот, посочи Муцунски.

Муцунски рече дека тоа веќе сме го виделе со носењето на економските мерки што значеше пример за исплаќање на плати за одреден број работодавачи, но нема да дозволиме низ ова Владата да си реализира свои други амбиции, проекти што не ја засегаат самата криза или кои не произлегуваат од нејзе.

Тука е тој обид од власта да се симплифицира ова прашање за онлајн гласање и нема да бидеме респонзивни заради предизвиците со кои се соочуваме. Денеска во собранието ќе се отвори комисиската расправа за буџетот и ќе дискутираме по 500-те амандамни, но онлајн гласање не е можно затоа што Уставот го ограничува, а сега не е време за гола политика, па опозицијата ќе го користи механизмот за „неправење кворум“, за проекти кои немаат никаква врска со оваа криза, вели Муцунски во „Утрински брифинг“.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Време е после 20 години власт ДУИ оди во опозиција

пред 4 часа
Македонија

Единицата на АРМ „Леопради“ принудена да се поклони пред споменикот на УЧК на Косово (ФОТО)

пред 9 часа
Македонија

Пратениците на коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ потпишаа изјави дека нема да гласаат за уставни измени

пред 10 часа
Македонија

Шекеринска со нормална изјава: Треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени, тие не се против ЕУ, туку се плашат од други барања

пред 11 часа
Македонија

Aхмети оптимист: За 3-4 години Македонија ќе стане членка на ЕУ

пред 11 часа
Македонија

Доктор Бобан Вучевски ослободен од обвинението за пожарот во тетовската модуларна болница

пред 12 часа
Македонија

Нели не можеа да се добијат? Димитров најави, а Маричиќ потврди дека од една влијателна земја на ЕУ ќе дојдат гаранции за идентитетот

пред 12 часа
Македонија

Лидерската средба Ковачевски-Мицкоски во среда

пред 16 часа
Македонија

Заедничка литургија на поглаварите на МПЦ и СПЦ во Охрид

пред 17 часа
Македонија

Доколку Врховен за „Транспортер“ одлучи дека важи аболицијата од Иванов, ќе важи и за сите други случаи

пред 18 часа