Муцунски: Онлајн гласањето не е можно затоа што Уставот го ограничува, опозицијата ќе го користи механизмот за „неправење кворум“

24.11.2020 / 14:21


Доцент Тимчо Муцунски кој е и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во македонското собрание, утринава на гостување во „Утрински брифинг“, истакна дека онлајн гласањето не е можно затоа што Уставот истото го ограничува, опозицијата ќе го користи механизмот за „неправење кворум“.

Порача дека нема да дозволат Владата да реализира проекти што не ја засегаат кризата за реализирање свои други амбиции.

Во врска со моменталното гласање во собранието и притисокот од страна на власта за онлајн гласање, Муцунски рече дека прашањето не е толку наивно како што се гледа, но примарното толкување доаѓа од Уставот кој вели дека собранието мора да заседава во рамки на собраниската зграда. Муцунски вели дека политичкиот апспект е тоа што имаме Влада која е формирана со тесно мнозинство и обврска во едно функционирање е парламентарното мнозинство да си обезбеди мнозинство, а опозицијата да наоѓа модалитети преку кои ќе го изрази своето незадоволство, или пак да изрази проактивност.

По мене мора да имаме една начелна согласност, односно сите мерки кои се поврзани со здравствената состојба и со економската состојба, бидејќи здравствената состојба создава негативни импликации и ова не треба да биде поле каде ќе се водат политички битки, меѓу кои создавањето и несоздавањето на кворумот, посочи Муцунски.

Муцунски рече дека тоа веќе сме го виделе со носењето на економските мерки што значеше пример за исплаќање на плати за одреден број работодавачи, но нема да дозволиме низ ова Владата да си реализира свои други амбиции, проекти што не ја засегаат самата криза или кои не произлегуваат од нејзе.

Тука е тој обид од власта да се симплифицира ова прашање за онлајн гласање и нема да бидеме респонзивни заради предизвиците со кои се соочуваме. Денеска во собранието ќе се отвори комисиската расправа за буџетот и ќе дискутираме по 500-те амандамни, но онлајн гласање не е можно затоа што Уставот го ограничува, а сега не е време за гола политика, па опозицијата ќе го користи механизмот за „неправење кворум“, за проекти кои немаат никаква врска со оваа криза, вели Муцунски во „Утрински брифинг“.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Разлика 3-1: ВМРО-ДПМНЕ 23,7 поддршка, СДСМ 6,9

пред 22 часа
Македонија

Кој на друг платформа му гради…

пред 1 ден
Македонија

„Гоце е Македонија“ на небото над Скопје

пред 1 ден
Македонија

Јаневска: Условите во „Стив Наумов“ се одлични, а храната согласно пропишани нутритивни стандарди

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ, затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Свои на своето, со корен во минатото и со верба во иднината

пред 2 дена
Македонија

За кого молчат македонските сирени

пред 2 дена
Македонија

Ова ќе ни го каже и нас дури и да ги внесеме Бугарите во Устав: Koс и порача на Црна Гора дека да ги реши сите отворени прашања со Хрватска

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

пред 3 дена
Македонија

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ја добива својата завршница

пред 3 дена
padişahbetJojobetMarsbahismeritkingdeneme bonusu veren siteler güncel​jojobetDinamobetgamdom girişgamdomjojobetmatbet girişdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerjojobetMarsbahis Girişjojobet girişjojobet girişbetasusbullbahishızlıcasino girişMultiwinjojobetbetkommarsbahismarsbahis girişmarsbahismarsbahis girişmarsbahis güncel girişjojobet