Македонската радио телевизија ќе уврдува дали уредникот на спортскаата редакција на албански јазик, Мустафа Адеми, го прекршил Етичкиот кодекс со тоа што на натпреарот кој македонската репрезентација го играше на СП во ракомет против Јапонија, ракометарот Стојанче Стоилов го ословуваше како „играчот со број 5“, не споменувајќи му го името и презимето.
Македонската радио телевизија е јавно претпријатие со единствен систем на управување. Согласно тоа сакаме да ја известиме јавноста дека ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на однесувањето на некои наши вработени доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс на МРТ, внатрешните правилници и законите во Република Македонија. За среќа, се уште живееме во држава во која МРТ е едно јавно претпријатие кое ги обединува сите програмски сервиси. Напоменуваме дека сите изјави на вработени на МРТ се нивен личен став, а не став на МРТ како јавен сервис. Нагласуваме дека уредниците на програмските сервиси имаат целосна слобода и автономија во уредувачката политика, но таа секако треба да биде согласно законите и етичките и професионални стандарди. Јавноста набргу ќе биде известена за преземените мерки од овој инцидент. Исто така, апелираме да не се злоупотребува името на МРТ бидејќи во овој случај точно е лоцирана индивидуалната одговорност, се вели во соопштението на МРТ.
Причина за ваквата реакција на новинарот на МРТ е потегот на да ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“ поради двојазичност.
Comments are closed for this post.