По промената на името на државаата владата ја утврди листата со новите имиња на државните институции. Меѓу нив се и Македонската радиотелевизија која ќе се преименува во Нацонална радиотелевизија. Македонската опера и балет ќе биде Национална опера и балет. Исто така институциите со новите имиња ќе имаат обврска да направат и нови логоа, веб страни, меморандуми …

Македонскиот народен театар го задржува името, но во целосниот назив наместо Република Македонија, сега ќе стои Република Северна Македонија. (Република Северна Македонија – Национална установа Макеонски народен театар. Ансамблот за народни игри и песни “Танец” ќе биде на Северна Македонија. Исто како и Музејот на современа уметност, Националната галерија и други инститиции. Музејот пак на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и музеј на жртвите на комунистичкиот режим, ќе се нарекува Музеј на македонската борба за самостојност.

Владата на Република Северна Македонија на својата 124 седница, на предлог на Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата, согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците. Исто така, Владата на РСМ ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена  на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-страни, медиуми итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен, се вели во владиното сооопштение.

Целосната листа на институциите со новото име можете да ја видите на овој линк