Бугарскиот портал BIG5 објавува скандалозни податоци за луксузна палата на грчкото приморје на кракот Касандра на Полуостровот Халкидики, која како што пишува медиумот е во сопственост на Зоран Заев, каде тој според мештаните кои ги контактирал медиумот е чест гостин, а посетители му се и голем број македонски, косовски, но и бугарски политичари.

Порталот кој ги објавува сликите и информациите за палатата на Заев на Халкидики е истиот кој ги објави снимките за бугарскиот премиер Бојко Борисов. Текстот објавен во бугарскиот медиум ви го пренесуваме интегрално преведен во продолжение. Ексклузивно и единствено во BIG5: Видете ја „куќата – засолниште“, на македонскиот премиер Зоран Заев на Халкидики Гласините говорат дека во новата палата на македонскиот премиер често гостуваат македонски, косовски, но и бугарски политичари.

Македонскиот премиер Зоран Заев ја смени својата трикатна вила во Неа Мудања на Полуостровот Халкидики во Северна Грција, со нова луксузна куќа на само 100 километри од неа. Таа се наоѓа во затворениот комплекс „Агнанти вилас“ кон кој има поглед само од морето, а од горна страна се гледа само оградата.

Само за потсетување во 2018 година грчкото издание на „Њуз ин“ објави за имотот на Заев во Халкидики, откако се повика на неколку македонски медиуми. Тогаш на јавноста и беше обелоденето дека Заев е сопственик на трикатна куќа и дека често ја посетува Грција, каде што прима многу гости од цел свет.

Помеѓу нив имало многу политичари од Косово и Скопје, но исто така и многу бизнисмени, кои се блиски до Заев. Во 2018 година македонскиот портал „Прес 24“ објави дека Заев поседува имот во Грција, каде секое лето го поминувал со прекрасен поглед кон морето од трикатната куќа и дворот од 300 м2. Тогаш порталот напиша дека вилата во Неа Мудања се наоѓа на самиот морски брег и чини околу 100.000 евра. Истовремено грчки брокери пресметаа дека реалната цена е многу поголема од таа платена од страна на Заев. Тие тврдеа дека куќата на Заев е во вредност од околу 300.000 евра.

Денеска за прв пат BIG5.BG објавува слики од новата „куќа – засолниште“ на македонскиот премиер Зоран Заев. Според мештаните тој престојувал во неа само пред месец дена, во текот на август. Тие тврдат, дека за да не се крева скандал околу името на македонскиот премиер, куќата е земена од фирма блиска до брат му – Вице Заев.

За разлика од претходната куќа во Неа Мудања, моменталната е далеку по голема и по луксузна, и истата се наоѓа на самиот морски брег. Вилата на Заев е дел од мал комплекс – „Агнанти вилас“ во кој има уште три вили како таа на Зоран Заев. Неговата вила е единствена од четирите вили со голем приватен базен, кој се наоѓа пред самата вила и е со најголема квадратура. Четирите вили се на самиот морски брег, но се затскриени за љуботни очи, преку голем имот, начин на кој тие се целосно не визибилни од страна на патот.

Вилата на Заев може да биде видена само од страна на морето, и тоа во случај претходно да знаеш која куќа ја бараш, затоа што истата е добро покриена од очите на странците со густа шума. Новиот имот, поседуван во текот на изминативе две лета од Заев, се наоѓа на самиот крај на кракот – Касандра, кој е првиот од трите крака на Полуостровот Халкидики. Куќата се наоѓа во исклучителна близина на новиот хотелски комплекс со сопствена марина – „Мираџио“ и е со поглед директно на вториот крак – Ситонија.

Според мештаните, Заев го обожавал овој дел од Грцијаи не пропуштал лето без да помине скоро цел месец таму. Откако македонскиот медиуми го откриле неговиот имот во Неа Мудања, Заев и неговите блиски решиле да најдат нов имот, кој би бил сокриен од очите на љубопитните и официјално да нема ништо поврзано со македонскиот премиер. Гласините говорат дека во новата палата на македонскиот премиер чести гости се македонски, косовски, но и некои бугарски политичари.