Тетовчанецот Г.Д. почина од тешките повреди на главата по вчерашниот судар со џип кај Млечен во Скопје. Имал фатални повреди на главата оти не носел кацига.
Неговата сопруга Н.Д. се уште во критична состојба. Лекарите и ги оперирале нозете на кои има огромни повреди и загуба на крв од телото. Таа носела кацига во моментот на ударот.
Во сообраќајката учествуваа возило „цитроен крузер“ управувано од В.Ч.(61) од Скопје и моторцикл „дукати“ управувано од Г.Д.(32) од Тетово. Полицијата истражува зошто возачот завртел на семафор во забранет правец и така им го пресекол патот на Гоце и Наташа и директно се забил во нив.
Comments are closed for this post.