Законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи, објаснуваат надлежните.
Министерството за образование и наука не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација. Ова е ставот на МОН кој го демантира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ; Антонијо Милошоски кој изутринава на социјалните мрежи објави дека е повлечен предлог-законот за учебници од собраниска процедура.
„Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност од страна на пратеници од опозицијата. Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста по координација со Секретаријатот за европски прашања, законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство“, велат од МОН.
Законот денес е на дневен ред на Влада, по што ќе биде доставен до Собранието. „Здравствената криза го стави учењето од далечина во центарот на образовните практики. Тоа ја истакна потребата од унапредување на дигиталното образование и негово третирање како клучна стратешка цел за висококвалитетно учење и учење во дигиталното време. Како што ќе се надминува фазата на вонредна состојба наметната од избувнувањето на пандемијата, така ќе расте потребата од развивање стратешки и долгорочен пристап кон дигиталното образование и обука“, велат од МОН.
Comments are closed for this post.