На големиот граѓански митинг во Скопје, пред присутните се обрати Наумче Мојсовски, ракометар и репрезентативец кој истакна дека поддршката за заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски е поддршка за победа на напредокот и развојот.
Цврсто верувам, порача Мојсовски, дека донесовме тешки но правилни одлуки за нашата земја. Компромисите кои ги направивме со цел членство во НАТО и ЕУ беа повеќе од потребни. Верувам дека насоката во која сега се движиме е правилна и треба да продолжиме напред, преку глас за Стево Пендаровски.
Јас знам дека Стево ќе се вложи 100% за нас ако му ја дадеме поддршката. И тој ќе остави срце на терен за да ја води државата напред кон подобар живот. Знам дека ќе игра за сите, нема да калкулира, нема да игра само за себе. И затоа јас му ја давам мојата целосна поддршка. Да му ја дадеме сите нашата поддршка, да продолжиме заедно напред!, повика Мојсовски
Comments are closed for this post.