Молк од владата и од министерството за надворешни работи по скандалозниот Фејсбук пост на Слави Трифнов. Неговата партија „Има таков народ“ е дел од новата влада и ја имаат шефицата на дипломатијата. Некогашниот шоумен искажа редици навреди за Македонците од кои најголема е дека не нарече „северномакедонци“.
Тој навредлив израз го нема во Договорот за добрососедство на кој Бугарија толку инсистира на спроведување како услов да го кренат ветото.
Водителот решил да се пазари со Македонците, кои без никаков проблем ги именува како северномакедонци, да се пазари со САД и со ЕУ. Тој бара САД да ги укине визите за бугарските граѓани, а ЕУ да ја прими Бугарија во Шенген зоната.
Од нас пак се бара да признаеме бугарски корени. „Само толку“. Значи корените и идентиетот, но оној бугарски е вистинската причина за ветото. Какви човекови права какви бакрачи.
„Пресинг ТВ“ ја праша владата дали ќе реагира на навредите на Трифонов, но засега има само молк.
Comments are closed for this post.