Собранието утрово ги изгласа измените на Изборниот законик. Конкретно се промени бројот на гласачите во две изборни единици. Со измените општините Дебар и Маврово-Ростуше се селат од шестата во петтата изборна единица.
Ова беше направено по барање на ДУИ за тие да добијат повеќе пратеници на изборите на 12 април.
Comments are closed for this post.