Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска на скопскиот аеродром го пречекаа сењор Драги Рашковски, кој се врати од одморот во Мексико.
Поранешниот генерален секретар на Владата замина на одмор во егзотичната прекуокеанска дестинација без разјаснети дилеми околу спорната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, а јавноста му замери и за тоа што патува на примамливо место за време на пандемија.
Во последната изјава Рашковски рече дека нема да го прекине одморот, односно дека во Мексико останува до 31 март, а правните дилеми околу набавката ги остава на институциите.
Comments are closed for this post.