За скандалозен или за нелегитимен е оквалификуван вчерашниот избор на нов претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) кој се случи на Изборното собрание одржана во малата сала на „Борис Трајковски“ во Скопје.

По самото гласање, кое доценше повеќе часови, в еднаш почнаа да се појавуваат коментари од повеќе новинари дека изборот не е извршен согласно Статутот на ЗНМ, односно Младен Чадиковски не може да биде легитимен претседател за шпто добил 86 гласа, а му требал уште еден повеќе за да се исполни статутарниот услов „мнозинство од присутните новинарти“. Неговиот против кандиат Стојан Наумов доби 77.

Дека имало проблеми со пребројувањето на гласовите покажува и соопштението на Горан Трпеноски, челкн на изборната Верификациска комисија.

Од вкупно 555 членови на ЗНМ вчера на Собранието дошле само 175, а еден од проблемите е што претходното раководство донесе одлука членствотото да молже да се ажќурира до 5 декември, а потоа нема да може, а согласно на таа одлука ток кој не го аќурурал членствотто нема право ни на глас.И оваа одлука се смета од повеќе новинмари како наместена игра во корист на Чадиковски.

Претставникот на Верификационата комисија на Изборното собрание на Здружението на новинарите на Македонија, Горан Трпеноски, новинар во порталот сдск.мк, по изборот на Младен Чадиковски за нов претседател на ЗНМ, на својот профил на Фејсбук објави дека изборот на Чадиковски е нелегитимен.

Трпеноски вели дека присутни на Собранието на ЗНМ биле 175 од 555 членови. Чадиковски добил 86 гласови, а противкандидатот Столе Наумов – 77.  За да биде избран претседателот на ЗНМ, треба да добие мнозинство од присутните. Трпеноски вели дека на Чадиковски му биле потребни 88 гласа да победи во првиот круг, а не 86, колку што добил.

Тој кажува дека имале и проблеми при пребројувањето, па двапати траел тој процес, и не било усогласено колку неважечки ливчиња имало – дали 6 или 7.

Во секој случај, тоа значи дека согласно татуто морало да има втор круг гласање, за да се исполни условот „мнозинство од присутните“.

Од друга страна, пак, Тамара Чаусидис, тврди дека и тој услов е исполнет.

„Да нема недоразбирање околу гласањето на ЗНМ. Вкупно гласале 169 члена, толку ливчиња имаше за броење. За Младен 86, за Столе 77, а шест ливчиња беа неважечки. Сите документи се во ЗНМ кој не верува нека провери. Три члена имаше комисијата, заедно броевме – по два пати“, објави Чаусидис на Фејсбук.

Прашањето е – и сега што и како во и со ЗНМ? Како ќе се тргне товарот со новиот избор на претседател на ЗНМ?