Претседателката на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ во интервјуто за „Република“ објасни дека сите засегнати дале изјави  во насока на расчистување на овој случај, освен еден, а тоа е поранешниот министер Венко Филипче.

 

Филипче бил должен да знае.По закон тој е должен да знае што се случува со јавните здравствени установи.Во најмала рака би било апсурдно да не знае што станува во терциерното здравство.Тој даде еден збир на конфузни одговори дури и за набавката на КАТО.Неговите одговори беа воглавно сумирани во една реченица, не се сеќавам или не знам-вели Мизрахи во интервјуто за „Република“.