Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на свеченоста по повод Денот на Ромите организирана од коалицискиот партнер Шабан Салиу од Демократските сили на Ромите.
Мицкоски истакна дека Ромите со векови живеат во Македонија и со векови ги споделуваат радостите, но и тешките моменти заедно со Македонците и со сите останати. Нашето мултикултурно општество би било посиромашно без ромскиот јазик, без ромскиот фолклор, без ромската песна. Тие се дел и од нашата заедничка култура и ќе останат нераскинлив дел додека векот векува, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Меѓународен дн на Ромите.
За мене секој граѓанин на Македонија е ист, за мене секој човек е роден ист, само што треба да има исти предуслови да ги развие и покаже своите капацитети. Верувам во овие мои зборови и затоа со години наназад повикувам да изградиме друштво во кое ќе му дадеме на секој поединец услови да се развива и да придонесува кон градењето на неговата и заедничката иднина.Македонија е земја на соживот, на традиција, на взаемно разбирање, земја на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина. Ова го говорам со горчина во душата затоа што гледам како за жал нѐ има се помалку во татковината. Гледам како Ромите, Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, и останатите се повеќе и почесто си заминуваат од родната грутка за да бараат подобар живот во туѓина. Живееме години на егзодус и безнадежност.
Comments are closed for this post.