Премиерот Христијан Мицкоски по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и култура соработка.
Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, пишува во објавата.
Унгарскиот премиер попладнево со владина делегација во која има 10-тина министри пристигна во Охрид каде утре ќе има средба со премиерот Мицкоски, а ќе се одржи и меѓувладина седница.
Орбан беше пречекан со високи државни почести на Охридскиот аеродром.
Comments are closed for this post.