Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција беше прашан и за претстојните избори и за терминот кога тие би се одржале Тој смета дека е логично и рационално да имаме споени претседателски и парламентарни избори.

Не треба двојно да ги малтретираме граѓаните затоа што некому тоа му одговара. Тие мисла дека во март ќе создадат некаква еуфорија па на парламентарните избори ќе постигнат подобар резултат. Никој нема право да троши народни пари за политички амбиции и затоа бараме избори заедно. Доколку одлучат да не ја слушаат опозицијата тоз ќе биде нивна одоговорност. Затоа ги повикуваме поддржувачите на СДСМ да застанат на наша страна.Ги разбираме, верувале во социјалдемократската идеологија но не треба да им робуваат и Македонија да ја однесат во амбис.Многу е веројатно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари историска победа и потоа треба да ги засукаме ракавите и да работиме.