Единствената работа која што вие ја имате на маса се предвремените парламентарни избори. И после неколку недели нападнати од афери за криминл, корупција,немање на реформи, анкети кои што мерат јавно мислење каде што се гледа дека губи и ДУИ, веќе СДСМ одамна ја има изгубено супстанцата и сега за да не зборуавме ние како јавност за тоа сега ќе зборуваме за ова, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.

Мицкоски посочи дека суштината на владата на ДУИ и СДСМ не е европскиот пат, туку како што рече борбата на ДУИ е да ја намали победата и бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори преку разни маневрски, укажувајќи дека СДСМ е веќе декласирана партија.

Не е на ДУИ и СДСМ суштината за европскиот пат, гледајте го тоа политички. Кај нив е важно посебно кај ДУИ, бидејќи СДСМ и така е завршена приказна, колку е можно помал број на пратеници ВМРО-ДПМНЕ да освои на следните избори и да да доведе ситуацијата да не може да направи влада без ДУИ. И во таа кампања СДСМ е тотално неупотреблива повеќе и затоа тие се обидуваат со така наречените политички партии кои што се опозиција на опозицијата да го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ, и некои такви егзибиционисти кои се активно претежно на социјалните мрежи да лиферуваат лаги и измислици и да го намалат потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, рече Мицкоски.