Често пати се чудам на аматерскиот однос кон суштинските и важни прашања за граѓаните и за Македонија на Владата. И секогаш кога мислам дека го допреле дното, јас во суштина сум бил песимист, тие можеле да одат подлабоко, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со уставните измени.
Мицкоски додаде дека власта не само што го допре дното, туку оди и подлабоко.
-Прво, ги трошат парите на граѓаните ненаменски. Тие експерти добиваат пари од Буџетот за работа за која што во моментов немаат мандат. Они можат да добијат мандат само во случај доколку Парламентот изгласа потреба за отворање на Уставот. Доколку Парламентот во првата фаза не изгласа, а што ќе се случи, потреба за отворање на Уставот, тогаш нивната работа е беспредметна. И хонорарите, кои што ги добиваат од вас граѓаните, ќе бидат практично злоупотреба на финансиските средства на граѓаните, бидејќи тие немаат сега мандат да зборуваат за уставни измени, нагласи Мицкоски.
Мицкоски ја искористи можноста да го повикам човекот кој што е поставен таму, Димитар Ковачевски, и вистинскиот кој што ја води Владата, Артан Груби заедно со Али Ахмети да ги достават овие барања во Парламентот, односно да ја достават потребата за отворање на Уставот за да можат пратениците да се изјаснат.
-Еве час поскоро, нели викаат континуирано од минатата година, помина една година, а ние слушаме е сега во септември имаме 2/3 мнозинство, помина септември, дојде октомври, е не до октомври туку до крај на година, па помина 2022 година, е не било до крај на година, било до февруари, помина февруари, сега викаа мај, еве го и мај поминува. Затоа ајде еве еднашка нека се охрабрат и нека го поднесат тоа барање и Али Ахмети и Димитар Ковачевски и да изгласаат пратениците, да видиме како ќе гласаат, повика Мицкоски.
Тој посочи дека тогаш и можеби онаа оставка, која што си ја поднесува и за која што зборува цело македонско Собрание, Димитар Ковачевски конечно да биде ефектуирана.
Comments are closed for this post.