Ковачевски или треба да се разбуди од сонот или да ја промени диоптријата, затоа што граѓаните најдобро знаат какви се цените, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Ново Село во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ запрашан за коментар за изјавата на Ковачевски дека има производи на кои цената им е намалена за 40%.
Ковачевски можеби треба да ја промени диоптријата, прашајте ги луѓево, направете една анкета, тие најдобро ќе кажат за цените, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека Ковачевски или блада или сонува или треба да ја промени диоптријата, но од позиција на опозиција не само што ќе ги види цените туку и ќе ја види сопствената одговорност.
– Јас би го советувал ако сонува да се разбуди од сонот, а доколку навистина има проблем со диоптријата можам да му препорачам добар очен лекар и се надевам дека следниот пат подобро ќе ги гледа цените од позиција на опозиција, но тогаш ќе ја види и сопствената одговорност за ова што го правеше овој период, изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.