ВМРО-ДПМНЕ интензивно се подтотвува за локаните избори и постојано сме на терен и со граѓаните, вели Владо Мисајловски. Тој објаснува дека во моментов се прават мерења и анкети за можните кандидати и најавува дека ќе има многу нови луѓе.

Секој што е квалитетен е добредојден за да направиме добар резултат да победиме максимално.Таква е енергијата се чуствува дека тоа ќе се направи но ни треба многу рабора-вели Мисајловски за „Република“.

Според него, не смее ни да се поставува прашањето дали на локалните избори ќе има гласање со отпечаток на прст бидејќи тоа е законска обрврска.
Тој вели дека ќе бараат и предвремени парламентарни избори.

Очекувам и ќе работиме на тоа.Ние сме опозиција. Наше право е да ја турнеме оваа власт и никој не може да ни го одземе. Добро е да има предвремени избори но добро е да има и една експертска влада која ќе работи до тие фер и демократски избори