Корупцијата, криминалот и недемократскиот режим повеќе не може да се кријат. Македонија има најголем пад и е на историски најдолното место на најновата листа на меѓународниот Транспаренси Интернешенал или Македонија во 2020 има рекордно регистрирано ниво на корупција во историјата, изјави денеска за медиумите, Владо Мисајловски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– На листата на Транспаренси Интернешенал, Македонија е на 111 место, најлошо до сега, убедливо најлошо. Ова е пад од цели 45 места за Македонија на листата во годините водена од Заев. Подобро се живее и подобро се справуваат со корупцијата во Косово, во Албанија, во Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија и ред други држави. Белорусија е на 63тото место, вели тој.
Мисајловски посочи дека за четири години власта на мафијашки начин ја претвори Македонија во легло на корупција и криминал.
– Заев јаде со златни лажици, граѓаните се се посиромашни, Македонија тоне во корупција. Ова е резултат на четири години апсолутистичка власт, и на централно и на локална ниво, и со судство и обвинителство во скутот. Никој друг не е одговорен за ова пропаѓање на системот освен Зоран Заев и кликата околу него. Македонија не го живее животот прикажан од владата а платен со народни пари низ рекламите и притисокот врз медиумите. Ова е вистинскиот резултат на Љупчо Николовски, министерот кој што вработува роднини во администрација, ова е резултат на ДКСК и нивните полни фиоки со предмети, ова е резултат на молкот на ЈО за нерешени кривични пријави и молк пред допрен глас за криминалите на власта. Ова оди на сметка на сите овие поданици на Зоран Заев, тврди пратеникот Мисајловски.
Тој додаде дека за ова мора да се сноси одговорност.
– Замислите, најкриминалната власт има и министер за борба против корупција. И не е доволно негова оставка или само оставка на министерот за правда. Владата МОРА да падне! Целата влада мора да си поднесе оставка!
Ова е полошо мафија, ова е тонење по сите параметри, ова се докази за антиевропски и за антизападни вредности, раст на криминалот и корупцијата! Се распродава идентитетот, ја распродава европската иднина, мафијата ја зазема секоја педа од државата и општеството, криминалот и корупцијата цветаат се повеќе! Нема криминал кој е казнет. Целиот свет знае дека си имаме работа со најкриминалната влада, дециден е Мисајловски.
Comments are closed for this post.