Мисајловски: Убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

18.02.2021 / 9:03


Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во централниот дневник на Сител телевизија. При своето гостување посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да победи на сите избори.

Не треба да има бојкот на локалните избори, за тоа што јас сум убеден дека ќе имаме многу победи во многу градови во Македонија. И убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ и расположението е такво“, истакна Мисајловски.

Мисајловски додаде дека штета е што се поигруваат од власта со Законот.

Зборувам за оној Закон каде што убаво стои во Изборниот законик дека треба да се набават апаратчиња за отисок за овие избори. Има доволно време. Зборам секој граѓанин кога ќе отиде на следниве локални избори во Законот е поставено дека власта мора да ги набави овие апаратчиња за отисок и на таков начин да се гласа. И во тоа сите партии се сложни. И тоа не е пречка. Пречка е што се нема започнато постапка“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски посочи дека има средства овие апаратчиња за отисок да се набават.

„Ние треба како ВМРО-ДПМНЕ да си ги ставиме на располагање сите наши структури и да имаме легални избори. Ова го кажувам бидејќи сведоци сме на минатите локални избори колку имаше поткуп, и на овие избори што се случија, и за референдумот како се гласаше исто на две – три секунди. И затоа ние го бараме ова да се спроведе“, рече Мисајловски.

Мисајловски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да победи на сите избори, какви и да се.

Но, ако власта ова не го направи, значи тие се спремаат за фалсификат. Е, тоа е проблемот. И тоа прашање треба да биде во јавност кренато, но ако Албанија може за три месеци да ги набави, ние имаме повеќе од три месеци и сето тоа може да биде средено“, истакна Мисајловски.

Мисајловски додаде дека прашањето околу набавката за апаратчиња на отисок може да се среди и затвори за 3-4 месеци.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Николоски: Бугарија го ратификува договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.

пред 10 часа
Македонија

Mицкоски се сретна со претеникот на Трамп, Ричард Гренел (ФОТО)

пред 10 часа
Македонија

Сопственикот на плантажата со марихуана од Ново Село и Филипче се знаат само од телевизија

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Договорот со САД за реципрочна трговија го трасира патот за договор за тарифи не повисоки од 15 посто

пред 2 дена
Македонија

Муцунски: Важен и значаен исчекор во економската соработка со САД, кој има големо значење за македонската економија

пред 2 дена
Македонија

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенска безбедносна конференција

пред 2 дена
Барање на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон!

пред 2 дена
Македонија

Филипче: СДСМ на конгрес во јуни ќе презентира нова партиска програма

пред 2 дена
Македонија

Kaдриу нема намера да му се извини на Бубевски

пред 2 дена
Македонија

Стефановски: Jавна тајна е дека и фамилијата на Заев се занимава со бизнисoт со марихуана

пред 3 дена