Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат затоа што не ја одликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата напиша на Фејсбук носителот во втората изборна единица Владо Мисајловски.
За него е важна поддршката од сите граѓани што им ја дадоа и веруваа во нив и оти тоа е неговата водилка за борбата секогаш да ја продолжат.
Благодарност до секој еден комитет и член на ВМРО – ДПМНЕ што беше рамо до рамо со мене, благодарност за секој еден што ни ја отвори вратата и што не прими во дворовите и пред зградите, благодарност за моите сопартијци што беа со мене во најтешкото време и никогаш не потклекнаа на ништо, благодарност за сите граѓани што не поддржаа и затоа имајќи ги овие луѓе до себе, најмногу вреди да продолжиме да се бориме за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ
Comments are closed for this post.