ВМРО-ДПМНЕ нема да фаворизира ниту еден кандидат во претседателската трка,убедува потпретседателот Владо Мисајловски. Според него, сите ќе добијат подеднаков третман.
Видете, ние ќе го поддржиме оној кандидат што ќе победи на Конвенцијата. Затоа апелирам до сите кандидати овој период да ја покажат нивната визија, да ја покажат нивната програма, да ги освојат срцата на сите граѓани. Со тоа што они ќе го направат и тоа што следи во наредниот период се надевам дека ќе биде одлична програма за сите граѓани и тој што ќе победи на Конвенцијата треба да не сплоти и се разбира дека ова раководство но и целото членство, се разбира и сите граѓани ќе го прифатат тој кандидат кој што ќе победи. Ова е демократија и нека победи најдобриот.
Comments are closed for this post.