Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојната конвенција на партијата во Струга, која ќе се одржи на 16 февруари.
До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле да стигнат и по пошта, информираше на денешната прес-конференција потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.
Сите кандидатури дополнително ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проверка на законски предвидените услови за кандидати за Претседател на Република Македонија, по која што проверка, најдоцна до вторник ќе бидат соопштени и имињата на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за кандидат за Претседател на Републиката.
Сите кандидати кои ги исполнуваат условите за претседателски кандидат ќе им биде обезбедено време и простор за презентација на нивната програма од страна на партијата пред општинските комитети и членовите во период од 6 до 16 февруари.
ВМРО-ДПМНЕ е прва партија во Македонија, која отвора еден вака широк процес на презентација типичен за развиените демократии, каде секој кандидатот има можност за непосредни средби со членството и негово запознавање со своите гледишта за државата. Ваквиот процес е со цел низ еден транспарентен и демократски процес да биде избран кандидатот, рече Мисајловски.
Тој ја повика власта да се охрабри и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.
Власта која нема направено ништо за државата, а потроши две години од
животот на граѓаните треба да си замине, рече Мисајловски.
Comments are closed for this post.