Апсењето на Јакимовски е монтиран прогон, исто како што е и случајот 27-ми април, каде десетици професионалци од безбедносните служби и граѓани патриоти се соочија со драконски казни за дело кое воопшто и не го сториле, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Според него единствена причина што после две години власта апси и прогонува е затоа што очајно губат.

„ВМРО-ДПМНЕ ја уверува и власта и граѓаните, дека за сите овие монтирани судски процеси и прогон кој го врши врхушката на власта и нивните извршители низ институциите ќе одговараат кога ќе се врати правната држава и владеењето на правото во Република Македонија. Постапувањето на секој поединец ќе биде анализирано и процесуирано“, рече Мисајловски.

Тој порача дека секој еден кој врши политички прогон и е маша во рацете на власта мора да знае дека одговорност ќе има.