Пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, која по преземањето на првото место на ранглистата на пратеници за добивање надомест за патните трошоци во висина од 12.000 евра стана позната во јавноста како Мира дизел, а деновиве стигна и во центарот на вниманието на јавноста по вработувањата на синот во ЕЛЕМ и на братот во РЕК Битола, како и по унапредувањето на сопругот во Шумската полиција, решила да се протиња и таму каде што е „штепуван“. Како добар познавач на законските норми во „борбата против корупцијата“, а особено непотизмот и судирот на интереси, ја „претрча“ штотуку формираната Антикорупциска комисија.
Мира дизел сама ги известила антикорупционерите дека нејзиниот син и брат се вработени во државна компанија. И сега тие законски, нели, ќе треба да ја проверуваат документацијата. А, повеќе од сигурно, уште од сега може да се тврди дека ќе се покаже „беспрекорна“.
Но…Секогаш постои тоа-но. Сопартијката не го ферма својот партиски претседател и актуелен премиер Зоран Заев! Или, подобро речено, неговота одлука да побара повлекување од луѓето, кои добиле државна работа, да се повлечат од неа, ја „прочитала“ како чисто популистичка. А, не како конкретна „директива“ за перење на извалканиот образ на владејачката партија од скандалот со отворен, бескрупулозен и ачик непотизам и судир на интереси, против кои, нели, се бореше додека беше во опозиција.
Антикорупционерите и не мора многу да се потресуваат. Зашто, не станува збор за најави за нови законски решенија, туку за образ, чест, морал и трошка етика. А, тоа се вредности и тоа човечки. Нив или ги имаш или ги немаш. Мира дизел сигурно не стигнала до нив или воопшто не слушнала дека постојат. Ќе биде интересно какви ќе бидат препораките од Брисел за вработувањата. Таму не поминува мачкањето очи со нови законски решенија.
Comments are closed for this post.