Министерството за земјоделство станува нов корона кластер. Вработени во ова министерство реагираат дека има голем број позитивни но оти министерот и натаму инсистира тие секојдневно да одат на работа. До пред еден месец тие ротирале со работните обврски но сега се принудени секојдневно да бидат на работните места.

Затоа кај вработените постои голем страв и тие буквално се „затворени“ во своите канцеларии не сакаат никаков контакт со колегите ниту со странки.

Покрај тоа, во тоалетите нема никакви средства за лична хигена па вработените се принудени да носат од дома.