Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во својата објава на Фејсбук тврди дека премиерот Заев излажа кога вчера на новинарско прашање дали имаат остварено комуникација со кабинетот на Порошенко одоговри потврдно, па дури и дека се сретнале на Светскиот економски самит во Давос.

Но, во соопштението на Владата од јануари годинава, не е наведено дека Заев имал средба со тогашниот претседател на Украина, Порошенко.