Аферата Мафија има ново продолжение а тоа е аферата Мафија 2. Според нашите информации доставени од свиркач основано се сомневаме дека постојат личности, државјани на Македонија со двојни матични броеви од кои што поголемиот дел се фиктивни, а истите може да бидат злоупотребени за економски криминал, за двојно гласање и друг вид на злоупотреба спротивна на закон, изјави на денешната прес конференција, Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Имено за што станува збор? Аналогно на ова значи МВР на Спасовски не само што издавала пасоши на меѓународни нарко босови, туку се сомневаме дека околу 20 илјади граѓани во државата имаат фиктивни, или дупли матични броеви. Едно лице има еден матичен број, со одредена адреса на живеење. И сега ист таков матичен број се појавува и кај друго лице, со ист датум на раѓање, ист ден, месец и година, со разлика во последните 3 бројки, но со различна адреса од првата на истото лице. Ова значи дека 20.000 наши сограѓани имаат можност да гласаат по два пати. Таков е случајот со извесен:
Исамет Метушевски од Никиштане кој што поседува два матична броја. Таков е случајот со Нехат Шаиповски роден во Чифлик, и втор матичен број овој пат на име Боја Богдановски во Шуто Оризари, рече тој.
Милошоски истакна дека третиот случај е Џеладин Адемовски кој според тој матичен број е роден во Чифлик и скоро идентичен матичен број под име Џадин Адемовски со адреса во Чаир.
– Вчера министерот Спасовски призна дека имало луѓе со двојни матични броеви и тоа укажува дека Спасовски е свесен за оваа афера наречена “Мафија 2”. Спасовски кажа дека ова било проблем уште од 1981 година. Но, тоа не е така бидејќи името на Џадин Адемовски од Чаир е идентитетот на Седат Пекер кој извади лична карта во јануари оваа година. Ова потврдува за што служеле овие двојни матични броеви но, исто така потврдува дека аферата “Мафија 2” како и претходната “Мафија 1” се случува во времето на Спасовски и истиот бил известен и свесен за овие скандали. Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи речиси 6 години. Тој со самото тоа што не превземал сериозна акција против мафијата го прави соучесник во истата. Шест години толерирал, а можеби и содејствувал во креирањето на ваква мрежа која што користела инфраструктура на МВР за да издава двојни пасоши и двојни матични броеви, посочи тој.
Милошовски се сомнева дека овие матични броеви биле злоупотребувани за перење на пари, за подигнување на кредити, за нивно злоупотребување, за фиктивно двојно гласање и за други незаконити дејствија во полза на гарнитурата од МВР која што им овозможувала двојни броеви и заштита.
– Сите овие лица со двојни матични броеви гласале на избори. Сите овие 20 илјади лица ги има во избирачкиот список што значи дека ова е злоупотреба и на избирачката волја и потиснување на правото на еднаквост кај другите граѓани кои што гласаат само еднаш за разлика од овие 20 илјади кои што најверојатно гласале по два пати. Ако има во државата макар и еден двоен матичен број тоа е многу а замислете колку многу се 20.000 двојни матични броеви и тоа ја зголемува недовербата во системот во структурите на МВР и во избирачката волја. Спасовски и Заев биле мрежа и логистика на ваквите незаконски дејанија и затоа треба да си поднесат оставка, а министерот Спасовски испаѓа дека не се борел против мафијата туку станал нејзин најдобар другар, додаде тој.
Comments are closed for this post.