Предлогот на Зоран Заев ја урива суштината на демократијата и принципот на поделба на власта, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој е дел од преговарачкиот тим на партијата за законот за јавното обвинителство.
Заев како премиер кажува кој е добар да биде специјален обвинител, со надлежност за цела држава, потоа што е добар закон за обвинителство и кога треба да го гласа Собранието, натаму што треба да гласа опозицијата, дека тој ќе биде и министер за финансии, но и градоначалник за урбанизам и градежништвото на Струга и Охрид, вели Милошоски.
Премиерот Зоран Заев по неуспешниот обид да ги собере лидерите на заедничка маса, информираше дека Владата ќе предложи нов закон за СЈО до Собранието.
СЈО се интегрира во ОЈО и добива нов назив Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Новото обвинителство ќе биде водено од обвинителката Вилма Русковска, а сите обвинители кои работеа во СЈО ќе продолжат да работат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Мандатот им завршува на 15-ти септември и имаат право на реизбор. Сите предмети за кои се водат постапки пред судот ќе ги застапува новото обвинителство од фазата до кои се дојдени. Ова обвинителство ќе ги има сите гаранции за независно вршење на обвинителската функција, ќе има финансиска независнот “, рече Заев.
Тој изрази надеж дека предлог-законот ќе биде прифатлив и за опозицијата со оглед на тоа што, како што рече, тој опфаќа и точки за кои досега се разговарало.
Comments are closed for this post.