Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е дел од работната група за новиот закон за обвинителство, објави дека просечните месечни примања на вработените во СЈО со високо образование се 80.000 денари, доколку, како што објаснува тој, на редовна плата се додадат надоместок за вршење на јавно-обвинителска дејност и додаток по основ на спорни договори за чување деловна тајна. Тој додаток, како што објаснува Милошоски, изнесува дури 35 проценти.

Просечните месечни примања на помошниците-обвинители на Катица Јанева во СЈО се 220-260.000 денари, според истите три основи“, напиша Милошоски на фејсбук, откако Советот на јавни обвинители ја разреши Јанева поради незаконско, нестручно, несовесно работење, по што се очекува утре да биде констатиран крај на мандатот и на другите обвинитело во СЈО, пишува пратеникот Милошоски.

rame>