Лице, или функционер кое е во пртивор не смее директно да комуницира со други лица и инстутуции, реагира преку својот Фејсбук профил пратеникот Антонио Милошоски. Пресинг ТВ објави екслузивна информација дека специјалната обвинителка Катица Јанева испратила писмо од истражниот затвор во Шутка, каде е во притвор, до СЈО со барање сите предмети тоа обвинителство да ги префрли во надлежност на Јавното обвинителство. На ова реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментот кога лице/функционер (СЈО Катица Јанева) е во притвор, тоа лице не смее директно да комуницира со други лица и институции, освен со својот бранител или преку него. Затоа е мерката притвор“, пишува Милошоски.

Тој додава дека особено не смее да комуницира со институцијата или вработените на кои може да влијае, кои може да бидат сведоци, а таа институција е токму онаа која притворената ја злоупотребила и таму се наоѓаат материјали или докази кои можат да бидат битни во истрагата за осомничената.

Притворениот градоначалник, директор, државен секретар, пратеник, министер, судија, обвинител, кој истовремено е во оставка, по сила на закон ги губи ингеренциите во својата институција и капацитетот да наредува на вработените, да одлучува, санкционира или решава, особено не за прашања поврзани со злоупотребата заради која е во притвор“, објаснува тој.

Оставка од Рахиќ

Есад Рахиќ треба да поднесе оставка од директор на истражниот затвор, доколку спротивно за правилата ја овозможил оваа комуникација спротивна на законот и притворот.

Замислете некој притворен градоначалник да даде наредба до општината за купување на ново службено возило или за отварање на тендер за набавка на нови автобуси!?“, напиша Милошоски.