Дваесет и девет фирми кои се блиски до семејството Заеви, меѓу која и фирмата „Сара инженеринг“ која е фирма на Вице Заев, „Глобал Медиа Груп“, како и „Тритерол“, бизнис партнери на Зоран Заев како поранешен градоначалник, со месеци наназад не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка, ѝ посочи пратеникот Антонио Милошоски на гувернерката Бежовска на денешната расправа на седницата на Собранието.

Овие 29 фирми блиски до Заеви, меѓу кои и фирмите кои се во нивен посед, оствариле добивка од Еуростандард банка од 12.800.000 евра поради неплаќање на кредити, на штета на штедачите кои имале средства во Еуростандард банка – рече Милошоски.

Милошоски ѝ посочи на Бежовска дека таа требала да ги знае овие информации од ревизиите, особено од 22. мај, кога е воведен дневен надзор над банката.

Милошоски уште еднаш ја запраша гувернерката, зошто дозволила овие 29 фирми блиски до Заеви да не ги плаќаат кредитите и да остваруваат добивка на грбот на штедачите, и исто така дали за овие работи била информирана, а не реагирала?!