Уникатните вредности на Охрид ни даваат насока и обврска за културен резултат во секоја активност која ја цениме како промотор на градот, определување на неговите вредности и зачувување на ликот на градот. За убав град културата треба да биде на пиедестал, а нашата заложба ќе биде одржување што поголем број меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции, изјави Митре Милошевски кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.
„Охрид како развиена културна средина да биде театарска и филмска ризница од културни вредности преку: подрршка за фестивалот Охридско лето како еден од најрепрезентативни фестивали на кој настапуваат врвни светски имиња; организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот; Прличевите беседи и Поетска ноќ во Велестово да бидат поетски бисери за градот, одржување и поддршка за фолклорните фестивали Охрид фест, Канео фест, Охридски хорски фестивал, Француски филмски фестивал, Фестивалот на Египќани, реномираниот Балкански фестивал на народни песни и ора, и уште многи други“, рече тој.
За афирмација на културата и туризмот за убав град, додаде Милошевски, вниманието го насочуваме кон обележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда; означување на локациите во градот од каде што се напишани староградските песни со кратка легенда и текстот на песната; поставување рекламни билборди со автентични фотографии од стар Охрид како сведоштво за изгледот на градот во минатото.
Comments are closed for this post.