Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО ДПМНЕ, последното обраќање во предизборната кампања го искористи за да упати порака до охриѓани со својот глас да изберат напредок и резултати содржани во неговата програма, зад која стои лично тој со својот интегритет и потврден успех во професијата.

Се исправив уште пред еден предзивик, да помогнам на Охрид и охриѓани нашиот град да биде поубаво место за живеење. Успехот е резултат на посветеност, одговорниот однос, дисциплината, на знаењето, на вештините. Стремежот кон успех мора да е континуиран, само така се остварува целта. Како човек не се откажувам никогаш. Охрид мора да се развива, бизнисот да функционира, да има приходи и успеси, рече тој нагласувајќи дека влог во предизборната програма „За убав град“ се неговиот збор и углед“, рече Милошевски.