Оставката на премиерот Зоран Заев е дефинитивна, вели лидерот на Либерално демократската партија (ЛДП) и министер за локална самоуправа Горан Милевски, притоа додавајќи дека нив не им е толку важно името на новиот претседател на Владата, туку како таа ќе продолжи со новата политика.

Според него, Заев сака СДСМ и Владата да се трансформираат.

Имаме уште 2,5 години. Ако ова парламентарно мнозинство има искрени намери да ги промениме работите, тогаш граѓаните тоа ќе го видат, но ако продолжиме на овој начин, дури и порано ќе има промена на Владата, смета Милевски.