КОЈ ДА ПРОСТИ, ЖРТВАТА ИЛИ КРВНИКОТ? Ако не сме ги признаеле слабостите на историјата… не ќе сме можеле да градиме заедничка! Тоа ни го порача Заев вчера, а требаше да му го каже на новинарот. Македонија не ја окупирала Бугарија, туку обратно, без оглед на обидот тоа да се прикаже како “администрирање”, пишува поранешниот прв човек на СОРОС Македонија, Владимир Милчин.

Во продолжение следува неговиот статус:

Што е слабост на историјата според Заев, тоа што Бугарија окупирала или тоа што окупираните не ја прифаќале окупацијата како администрација па ги зеле пушките? Да, фашизмот/нацизмот не е бугарски изум, но улогата на квислинг бугарската власт ја презела со многу посветеност и без ракавици. Да, во Бугарија и не само во Бугарија имало отпор против режимот и овој одговорил со терор. И дома и на окупираните територии. Вапцаров, Коле Неделковски, Никола Парапунов, Иван Козаре…

А да не мисли Заев на слабости во нашата историографија? Да не треба да се премолчи нешто? За да се поткрепи амнезијата и игноранството?

По 1948 година имало “Железна завеса” меѓу Југославија и Бугарија? А поради што? И поради кого? Сталин наредил, Бугарија спровела, заедно со дргите членки на Информбирото. Тоа е крајот на културната автономија во Пиринска Македонија.

Историјата е учителка на животот, Заев! И затоа не смее да се третира кака потрошен партал.
Наметнатиот, изнудениот заборав не води кон простување.

КОЈ ДА ПРОСТИ, ЖРТВАТА ИЛИ КРВНИКОТ?
Ако не сме ги признаеле слабостите на историјата… не ќе сме можеле да градиме…

Posted by Владимир Милчин on Thursday, November 26, 2020