Мила Царовска е прва, која ќе одговара по падот на владата, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во синоќешното гостување во емисијатѕа Заспи ако можеш на Алфа телевизија.
Според него, Владата има концепт да пробуваат, да се повлекуваат од проекти, но никако да паднат луѓе од нивниот тесен круг.
-Пробаа со законот за марихуана па го повлекоа, пробаа со реформа во образование, Мила Царовска е прва која ќе одговара по падот на владата. Во прво и четврто има дигитални учебници, ама нема закон, затоа ќе одговара ќе оди во затвор. Спремни се да се повлечат од проект и да не ги чепнат луѓето од најтесниот круг. Така што овде оставки нема да има. Нив им треба да превеслаат уште 6 работни дена, потоа Собранието не заседава почнува кампања. Очекувам овие денови да сечат ленти, да ветуваат проекти, вработувања, но не им поминува тоа веќе, рече Николоски.
Comments are closed for this post.