Поради контакт со заразено лице министерката за образование и наука Мила Царовска оди во изолација, информираат за МИА од Министерството за образование и наука.
Се одложуваат сите нејзини најавени средби за следниве денови. Откажано е и нејзиното присуство на јавната дебата за државната матура организирана од Клубот на младински прашања и политики, што треба да се одржи утре. На дебатата ќе учествува претставник од Министерството за образование и наука.
Поради државната матура изминатиов период имаше бојкот на наставата, а во меѓувреме се очекува да се најде решение.
Comments are closed for this post.