Ноќеска или најдоцна до утре, со одлука на судија од скопска единица, од притвор ќе излезат Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности, кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во затворот „Скопје“, објавува порталот судство.мк

Како што е наведено во текстот, причината за ваквата одлука е тајна, но се претпоставува дека зад одлуката се крие политички договор меѓу власта и опозицијата.